Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на нови напори за воспоставување мир во Украина, додавајќи дека тој и претседателот Володимир Зеленски во неодамнешниот разговор се согласиле дека е потребна нова мировна конференција на која ќе учествува и Русија.
„Верувам дека сега е време да разговараме како да се извлече мирот од оваа воена состојба и со побрзо темпо“, изјави Шолц за телевизијата ZDF.
Шолц е под голем притисок дома, откако сите три партии во неговата левичарска коалиција претрпеа тешки порази на покраинските избори пред една недела, додека партиите кои се залагаат за подобри односи со Москва освоија повеќе гласови.
Националистичката Алтернатива за Германија (AfD) и новата антиестаблишмент партија BSW, која се противи на воената поддршка за Украина во војната против Русија, забележаа рекордна поддршка од гласачите.
Откако под притисок на западните сојузници во март 2022 година, неполн месец по почетокот на руската инвазија, Киев се откажа од веќе постигнатиот договор за примирје од Истанбул, во јули годинава Зеленски рече дека се обидува да излезе со план до ноември што ќе му овозможи на Киев да одржи втор меѓународен мировен самит во Украина, на кој треба да учествуваат и претставници на Русија. Меѓутоа, по украинскиот ненадеен упад од 6-ти август во руската пограничан област Курск од Москва повеќепати порачаа дека во моментов не гледаат можност за разговори за прекин на огнот, како и дека евентуален договор за мир мора да ги соддржи руските услови, вклучително и признавањето на суверенитетот на Русија над источните украински регионот и црноморскиот полуосторв Крим.
Заленски, исто така, и во ноември 2023 година го отфрли мировниот предлог на Кина кој зборуваше за зачувување на украинскиот суверенитите и интегритет. Во јули во Швајцарија се одржа првиот ваков самит со делегации од 92 претставници на земји и меѓународни организации кои бепа повеќе од половијаната од сите учесници, но без показа за Русија а го ингорнираше Кина. Москва го отфрли нацрт-мировниот договор на Зеленски од тој самит и рече дека тој не може да биде почетна точка за какви и да се мировни преговори.