Германскиот канцелар Олаф Шолц е убеден дека повторно ќе биде кандидат на неговата централно-левичарска партија на општите избори следната година и покрај тешкиот пораз што го претрпе на неодамнешните избори за Европскиот парламент, пишува во саботата агенцијата dpa
Во интервју за јавната телевизија ARD во саботата, Шолц кусо и брзо одговори со „да“ на прашањето дали е сигурен дека ќе биде кандидат на социјалдемократите за канцелар на изборите во 2025 година.
Шолц го призна лошиот резултат што неговата Социјалдеморкатска партија (SPD) и двете други партии во неговата владејачка коалиција – Зелените и либералите, го постигнаа на европските избори на 9-ти јуни. Заедно, трите партии добија помалку од една третина од вкупниот број гласови.
Меѓитоа, Шолц рече дека не ги поддржува повиците за гласање доверба на неговата влада во парламентот и дека нема да бара предвремени избори.
„Факт е дека владата има мнозинство во парламентот. Само што донесовме закони оваа седмица во Бундестагот и имаме мандат да ја исполниме и да ја завршиме нашата работа. Тоа е она што го правиме“, рече Шолц кој даде интервју пред напуштање на самитот на групата Г7 во Италија.
Десничарската опозициска унија на демкохристијаните (CDU/CSU) победи на европските избори, а крајно десничарската еввроскептична и суверенистичка Алтернатива за Германија (АfD), беше втората според гласовите.