Шолц вели дека Путин не ги сменил ставот за војната во Украина

(Photo by Mikhail Klimentyev / Sputnik / AFP)

Рускиот претседател Владимир Путин е истраен во својот став во однос на војната во Украина, изјави во средата германскиот канцелар Олаф Шолц по нивниот телефонски разговор од вторникот кој траел час и половина.

„За жал, не можам да кажам дека сфатил дека беше грешка да се започне ова војна“, изјави Шолц коментирајќи го телефонскиот разговор со Путин.

Меѓутоа, германскиот канцелар сепак мисли дека имало смисла да се разговара со рускиот претседател за да му го објасни германскиот став.

„Цврсто сум убеден дека Русија би требало да ја повлече својата војска за да се создадат услови за мир во регионот. И секој ден помислувам дека тоа е единствениот начин“, додаде Шолц.

Тоа беше првиот разговор меѓу Шолц и Путин по повеќе од три месеца. Германскиот канцелар е упорен во идејата дека дипломатското решение и целосното повлекување на руската војска мора да бидат постигнати што поскоро.