Германскиот канцелар Олаф Шолц им ја гарантираше во вторникот на Финска и на Шведска поддршката на Берлин доколу овие две нордиски земји донесат одлука да побараат придружување во НАТО пактот.
„За нас потполни е јасно: доколку Финска и Шведска решат да му пристапат на НАТО, може да сметаат на нашата поддршка“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во текот на состанокот на владата во дворецот Мазеберг крај Белград на кој се поканети и премиерките на Финска и на Шведска, Санна Марин и Магдалена Андерсон.
Шолц додаде дека одлуката за тоа дали сакаат да му пристапат на Северноатлантскиот сојуз, Финска и Шведска „мора да ја донесат самите“.
Германскиот канцелар наведе и дека „независно од решението за челнството во НАТО“, Финска и Шведска може да смеаат на целосната поддршка Германија.
Премиерките Марин и Андерсон на покана на германската влада учестуваат на редовниот состаник на германскиот владин кабинет, кој повремено се одржува во резиденцијата на дворецот Мазерберг северно од Берлин.
И покрај зајакнатата соработка со Алијансата последните дваесеттина години Финска и Шведска во соседството на Русија, со децении се придржуваа на политиките да останат воено неутрални, но почетокот на руско-украинската војна беше искористено за создавање остар пресврт во ставовите кон придружувањето на НАТО.
„Нападот (на Русија) на Украина силно го промени нашето безбедносно опкружување“, изјави финската премиерка Марин во Мазерберг чијашто влада, според најавите“, на 12-ти мај ќе ја донесе одлуката за евентуалното членство во НАТО.
Шведската премиерка Андерсон најави дека нејзината влада на 13-ти мај ќе ја претстави безбедносната анализа врз основа на којашто ќе се води јавна дискусија за евентуално влегување во НАТО.