Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изрази внимателен оптимизам за потенцијалот за германско-американските односи под претседателот Доналд Трамп, наведувајќи ги добрите првични разговори со неговата администрација, но ја истакна важноста да се задржи „ладна глава“ во време на неизвесност.
„САД се нашиот најблизок сојузник надвор од Европа. И јас ќе направам сѐ што е во моја моќ да се осигурам дека тоа ќе остане така. Моите први добри разговори со претседателот Трамп и контактите меѓу нашите советници одат во таа насока“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.
Говорејќи на првиот цел ден од новиот мандат на Трамп, Шолц рече дека соработката меѓу Европа и САД е од клучно значење за мирот и безбедноста во светот, како и за економскиот напредок. Сепак, германскиот канцелардодаде дека Европа мора повеќе да се потпира на себе.
Германскиот амбасадор во Вашингтон интерно ја предупредил владата во Берлин на турбулентни односи во времето на Трамп, додека германските компании алармираат поради царинските закани од новата американска администрација.
„Во свет кој постојано е на работ на нервен слом гледан низ призмата на социјалните мрежи, потребни се ладни глави. Не секоја прес-конференција во Вашингтон, секој твит треба веднаш да нѐ фрли во нервозни, егзистенцијални дискусии“, рече Шолц.
И покрај тоа, Шолц очекува Трамп да го држи светот во состојба на внимание наредните години, особено во областите на енергетската и климатската политика, трговијата и надворешната политика.
Германскиот канцелар, исто така, рече дека не ја поддржува слободата на говорот кога таа се користи за крајно десничарски ставови, целејќи на Илон Маск ден откако гестот со раката на американскиот милијардер на инаугурацијата на Трамп предизвика возбуда бидејќи противниците на Трамп го толкуваат како наводен поздрав сличен на поздравот во нацистилка Германија, што воопшто не е блиску до реалната позиција на милијардерот.
„Имаме слобода на говор во Европа и Германија. Секој може да каже што сака, дури и ако е милијардер. А она што не го прифаќаме е ако поддржува екстремно десничарски позиции“, рече Шолц на собирот во Давос, форум на кој преовладуваат неолибертарајанските глобалистички вок идеологии, одговарајќи на прашање за тој наводен „инцидент“.
Маск предизвика контроверзии на инаугурацијата на Трамп во понеделникот со гест што на изгледаше сличен на нацистички поздрав. Еден од најблиските советници на Трамп беше меѓу говорниците на сцената пред пристигнувањето на Трамп во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон. Тој им се заблагодари на своите поддржувачи, а потоа ја стави десната рака на срцето и набрзина ја испружи нагоре опишуваат медиумите кои на американските претседателски избори водеа кампања насочена против Трамп.
„Моето срце е со тебе“, рече Маск пред да го повтори гестот.
Корисниците на онлајн платформата Х на Маск забележале дека гестот наликува на нацистички поздрав.
Маск ги отфрли критиките како „заморен“ напад. „Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападот „сите се Хитлер“ е толку заморен“, објави Маск на X во понеделникот вечерта.
Маск ја поддржа крјано десничарската Алтернатива за Германија (AfD), еврокспетична и противдоселеничка суверенистичка партија која се противи на санкциите непријателство кон Русија која стана втората по силина партија во земјата, а етаблираните партии со влијание врз германските безбедносни служби ја означија како екстремистичка десница пред претстојните национални избори и ги прислушуваат и шпионираат нејзините членови.
На почетокот на месецов тој на својата социјална мрежа направи интервју со лидерката на партијата.