Шолц во Киев вети оружје во Киев, но не и покана за НАТО

Германскиот канцелар Олаф Шолц го посети Киев во понеделникот првпат по две ипол години со порака за поддршка од Берлин, ветувајќи дека „Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“.

Германскиот канцеларк, кој во понеделникот утрото пристигна во украинскиот главен град по деветчасовно патување со воз, најави дополнителни испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември за да ја зајакне одбраната на Украина од Русија, вклучувајќи борбени тенкови, проектили, беспилотни летала и противвоздушни системи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го пречека Шолц во Киев, се заблагодари на Германија за континуираната поддршка. Но, Зеленски, исто така, увиде дека двете итни украински барања, за покана за членство во НАТО алијансата и за испорака на крстосувачки ракети „Tаurus“ од германско производство со долг дострел, остануваат неисполнети.

Само Германија од водечките членки на НАТО не ѝ овозможува на Украина со оружје со долг дострел, бидејќи канцеларот Олаф Шолц категорично се противи на испраќање крстосувачки ракети „Taurus“. Шолц предупрува дека за користење на овие софистицирани системи, како и во сличајот на американските, британските и француските ракети, неопходно е со нив да ракува кадар кој минал долгогодишни обуки и системи за наведување врз цели што претпоставува користење на сателити, а што Русија може да го сфати како директна вклученост на западните земји во нападите на нејзината територија.

Шолц наместо тоа, избегнуваше прашања за аспирациите на Украина за членство во НАТО, велејќи само дека претходните резолуции на НАТО го отворија патот за евентуалното членство на Украина во алијансата.

Канцеларкот мисли на состаноците во 2023 и 2024 година, на кои земјите од НАТО само потврдија дека Украина во одреден момент треба да стане членка на западната одбранбена алијанса. Но, земјите од НАТО не понудија конкретна временска рамка или детални услови за пристапување на Украина.

Шолц, исто така, уште еднаш на заедничката прес-конференција со Зеленски повтори дека одбива да испрати ракети „Taurus“, нагласувајќи дека вооружувањето на Украина со оружје со долг дострел ризикува ескалација со Русија.

Последните недели, украинскиот челник повторно го интензивираше обидот на Украина да се приклучи на НАТО во контекстот на забрзаното руско напредување на фронтот. Во неделата тој ја опиша официјалната покана за членство во НАТО како „неопходна за нашиот опстанок“, додавајќи дека не се надева дека ќе ја добие, наведувајќи го скептицизмот во САД, Германија и Унгарија.

Пред разговорите, двајцата челници заеднички ги посетија ранетите украински војници во Киев, вклучително и некои кои ги загубија екстремитетите во борбата против тековната руска инвазија. За време на посетата Зеленски им додели медали на поединечни војници.Зеленски и Шолц, исто така, гледаа презентација на беспилотни летала користени во одбранбената кампања на Украина против Русија.