Холивудскиот актер Шон Пен (62) е фотографиран по улиците на Рим на прошетка со својата нова избраничка, актерката Олга Коротјаева. Оскаровецот не крие дека е вљубен до петици, а тоа го поткрепуваат и фотографиите од Рим. Шон и Олга се фотографирани во потполно опуштени и лежерни стилови како уживаат, се шетаат и се гушкаат, а забележано е дека посетувале и скапи златарници.
Шон Пен носеше фармерки и црна, памучна маица и спортска капа, додека Олга се одлучи за фармерки и бела маица, црн кожен ремен и црна чанта.
Sean Penn, 62, makes out with new girlfriend Olga Korotyayeva, 43, on Italian vacation https://t.co/hwVXSRR42M pic.twitter.com/VMG3wn1o9i
— Page Six (@PageSix) June 8, 2023
Олга е позната по улогите во филмовите Le bonheur, Banking District, Blast и засега не е познато како се запознале. Минатата недела беа забележани на вечера во Малибу, кога почнаа гласините дека се заедно. Не е познато кога точно ја започнале својата романса, ниту колку долго се познаваат, но странските медиуми шпекулираат дека се работи за нова врска.
Инаку, Олга е 20 години помлада од Шон и исто така и актерка.
Да потсетиме, Шон минатата година стави крај на бракот со Лејла Џорџ.