Шопова: Модуларни болници изградени без спазување на стандарди! Како ДСЗИ дозволи да се пуштат во употреба!?

-Модуларни болници изградени без спазување на стандарди!!! Како ДСЗИ дозволи да се пуштат во употреба!??? запраша д-р Жаклина Шопова, инфектолог, вработена на ЈЗУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје

Таа во својата фејсбук објава прашува каде се задолжителните обуки за брза евакуација на пациентите и вработените во здравство!?

-Колку жртви има од твојата неспособност Филипче и неспособноста на целата Влада??? ОДГОВОР НЕ Е ПОТРЕБЕН : УШТЕ ВЕЧЕРВА ДА СИ ОДИТЕ !!!
Сочувство до сите семејства кои вечерва имаат огромна загуба! – напиша Шопова.