![dedo mraz prilep](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/dedo-mraz-prilep.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
И оваа година, трета по ред, група ентузијасти кои имаат за цел да им ги разубават новогодишните празници на прилепчани, го повикаа најпознатиот дедо со бела брада, а тој со јаже се спушти по Градскиот Саат во центарот на градот.
Дедо Мраз донесе пакетчиња за децата од ОУ “Добре Јованоски“ и за дечињата од социјално загрозените семејства, но и за голем број други деца кои случајно поминаа во центарот на Прилеп, објави порталот Маркукуле.