
Дончиќ стана петтиот кошаркар од Европа во историјата, кој постигнал повеќе од 50 поени во еден меч, а на првото место е легендарниот Тони Паркер со 55 поени за Сан Антонио, додека Дирк Новицки и Јанис Антетокумпо постигнаа по 52.
Словенецот, освен 51 поен, имаше и девет скокови и шест асистенции, додека кај гостите од Лос Анџелес најдобар беше Маркус Морис со 21 поен, а Пауел додаде 19.
Феникс со 131-107 го декласираше Милвоки бакс, а најефикасен на теренот беше Ејтон со 27 поени, а исто така тој постигна и седум скокови и една аситенција. Во редовите на поразениот состав Мидлтон и Холидеј постигнаа по 21 поен.
Торонто репторс беше подобар на гости кај Хјустон рокетс со 139-120 во меч во кој блесна Трент со 42 поени кај гостите. Вашингтон визардс ги урна Бруклин нетс со 113-112, а Голден Стејт загуби од Њујорк никс со 114-116.