Шпанија ја зафати третиот топлотен бран годианва, па нејзините жители се засолнуваат од горештината во климатизирани трговски центри, а властите ги прошируваат парковите очекувајќи високи температири и во иднина.
Жителите и бројните туристи во Аликанте, градот на брегот на Средоземното Море, се засолнуваат од вжештените улици во трговските центри. Повеќето не купуваат ништо туили се разладуваат во тамошните продавници.
Многумина од нив велат дека во пазарање заминале исклучиво поради климатизираниот простор, и дека никогаш не би излегле од домовите доколку би морале да ода по породавниците на улиците.
Здружението на регионалните рговски центри (ANGED) смета дека горештините се можност за дополнителна заработка.
„„Забележуваме дека луѓето се засолнуваат од горештините во трговските центри. Клима уредите ни се орудие за привлекување на купците“, велат портпаролот на ANGED, Жоакин Серверо.
Горештините кои во некои од делови на Шпанија надминуваат 44 Целзиусови степени претставуваат закана за здравјето на луѓето. Во автобусите на јавниот сообраќај поставени се известувања за падниците – „пијте многу вода и избегнувајте престојување на сонце“.
Во четвртокот во соседната Мурсија, на шпанскиот југ, на улица паднал 42-годишен маж. Починал во локалната последица како последица на топлотен удар.
Минатата 2022 година, во периодот од мај до август, во Шпанија од топлотен удар и дехидрација починале 355 лица, според податоците на Националното биро за статистика (NIE). Тоа е речиси двојно повеќе во однос на претходната 2021 година кога од истите причини починале 189 лица.
Институтот за глобално здравство од Барселона (ISGlobal) извести дека Шпанија, Италија и Грција се земји со најмногу починати од горештините во Европа.
Граменос Мастроени, заменик на генералниот секретар на Унијата за Медитеран, организација чие седиште во Барселона, предупредува дека европските медитерански земји мора да се прилагодат нови климатски услови.
Во Бенидром, приморско гратче на 37 километри од Аликантте, пред десет години започнале со садење дрвја за туристите да можат да се засолнат во ладовината на крошните. Досега бројот на стеблата се зголемил од 10.900 на 17.225 дрвја.
„Зоната прекриена со дрвја може да ја спушти температурата во просек за 5 степени. Кога жештината е интензивна е многу попријатно да се дојде од место на кое од 35 на она на кое е 30 Целзиусови степени“, вели Хорхе Олсина, шеф на одделот за климатологија при Универзитетот при Аликанте.