Серхио Скариоло ги ослободи Хаиме Фернандез и Илимане Диоп од репрезентацијата на Шпанија, со што го оформи конечниот состав кој ќе настапи на завршницата на Светското првенство 2019 година, кое ќе се игра во Кина.
Стратегот ќе смета на 12 кошаркари за Мундијалот, каде Шпанците ќе стартуваат во група со Порто Рико, Иран и Тунис.
– Веруваме дека најдобро решение е да се продолжи со тренинзите со 12-те играчи кои ќе бидат во Кина. Последните двајца ослободени ќе бидат во режим на подготвеност ако има повреда. Тие завршија одлична работа и ние ќе сметаме на нив во иднина, рече Скариоло.
Еве ги играчите на кои тој ќе се потпира: Кино Колом (Валенсија), Серхио Љул (Реал Мадрид), Рики Рубио (Феникс Санс), Хуанчо Ернангомес (Шарлот Хорнетс), Хавиер Бејран (Гран Канарија), Руди Фернандез (Реал Мадрид) ), Шави Робаседа (Гран Канарија), Пау Рибас (Барселона), Виктор Клавер (Барселона) Вили Ернангомес (Денвер Нагетс), Пјер Ориола (Барселона) и Марк Гасол (Торонто Репторс).