Шпанија бара екстрадиција на каталонските функционери од Белигија и Шкотска

Судијата на шпанскиот Врховен суд, Пабло Љарена, во вторникот повторно распиша европски налог за апсење за тројцата поранешни членови на каталонсата влада кои се наоѓаат во Шкотска и Белгија, а кои во Шпанија се одбвинети за организирање на референдумот за независност на покраината Каталонија во октомври 2017 година кој Уставниот суд во Мадрид го прогласи за незаконски.

Шеесeтгодиншниот Љуис Пуж, во каталонкската влада на поранешниот претседател Карлес Пучдемон беше задолжен за културата, 48-годишниот Тони Комин за здравство и 62-годишната Клара Понсати за образование.

Шпанското државно обвинитeлство подигна обвинение против нив, но тие не се одзиваат на повицитe на судот во Мадрид. Пуж и Комин заминаа во октомври 2017 година во Белгија, каде што се наоѓа и Пучдемон, а Понсати замина во Шкотска.

Белгија во мај 2018 година одби да ги екстрадира каталонските функционери поради неправилности во барањето испратено од Шпанија, по што шпанскиот судија го повлече налогот за апсење. Поради повлекувањето на налогот, и шкотскиот суд ја ослободи Понсати, која доброволно се пријави во тамошниот суд.

Меѓутоа, откако пред три седмици Врховниот суд во Мадрид изрече осудително пресуди за дванаесет нивни соработници кои беа уапсени во Шпанија, од кои деветмина добија затворски казни од 9 до 13 години, распиша нов налог за апсење побарајќи од правосудството на Белгија предавање на Пучдемон. Потоа побара и екстрадиција на Пуж, Комин и Понсарто, но се очекува дека за сите барањето ќе биде одбиено.

Комин и Понсати се обвинети за поттикнување на населението на бунт и за незаконско користење јавни пари за организирање на референдумот, додека Пуж е обвинет за граѓанска непослушност и незаконско трошење на јавни пари.

Судијата Љарена, сепак, верува дека тројцата, како и Пучдемон, ќе бидат израчени од Белгија и Шкотска откако во Шпанија се изречени на осудителни пресуди за нивните соработници за истите дела.

Адвокатите на обвинетите порачаа во понеделникот дека тие доброволно ќе се јават во судовите во Белгија и Шкотска. Сосема е веројатно дека ќе ја одбијат екстрадицијата во Шпанија, како што пред една седмица тоа го стори и Пучдемон. Тој пред беглискиот суд рече дека во Шпанија, каталонските функционери не би имале праведни судења.

Адвокатот Аемар Анвар, кој ја застапува Понсати во Шкотска каде што предава економија на универзитетот Сент Ендрјус, рече дека таа е невина.

„Не сторила никакво кривично дело. Поттикнвуањето на бунт не е псецифицирано во Шкотска, тоа не постои во повеќето демократски земји. Понсати не сторила ништо освен што помогнала да се организрира мирољубив и демократски референдум. Таа е решителна да се бори за својата кауза“, изјави Анвар кого го цитира дневниот весник El Mundo.