Шпанија го потврди првиот случај на омикрон варијантата

Шпанија во вторникот го потврди првиот случај на зараза со омикрон варијантата на коронавирусот кај 51-годишен маж кој од Јужноафриканската Република допатувал преку Амстердам во Мадрид.

Заразениот маж има благи симптоми и е ставен во изолацијата за да не ја прошири заразата, соопштија шпанските здравствени власти.

Микробиолошкиот оддел на мадридската болница „Грегорио Марањон“ потврди дека кај пациентот е присутна варијантата B.1.1.529 на коронавирусот кој има „голем број мутации“, а првпат беше идентификуван во Јужноафриканската Република кон средината на ноември.

„Ова е она што го знаеме за овој вирус: се вика омикрон и содржи повеќе од 30 мутации“, извести шпанската јавна телевизија TVE.

На патникот во неделата по слетувањето на мадридскиот аеродром му бил направен брз тест кој покажал дека е позитивен на коронавирусот. Здравствената служба сега ги проверува и контактите со кои можеби бил во допир во текот на летот од Амстердам.

Шпанија бара негативен резултат на тест кај соте патници кои пристигнуваат од Јужноафриканската Република и од уште шест африкански држави кои се оценети како области на висок ризик.

Во покраината Каталони истворемено се проучуваат два можни случаи на зараза со омикрон варијантата кај два патници кои по слетувањето на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона биле позитивни на Covid-19. Тие допатувале од Јужноафриканската Република преку Германија.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во понеделникот предупреди дека е „висок“ ризикот од ширење на новата варијанта на коронавирусот во светот. Научниците во моментов да се обидуваат дали сојот омикрон е отпорен на вакцините и дали тој е позаразен како што сугерираат мутациите утврдени во неговиот геном. Научниците порачаа дека сѐ уште е пререано за одредување на ризикот од зараза со овој сој на вирусот.

Повеќето од заразените кај кои е идентификуван омукрон сојот во Јужноафриканската Република имаат благи симптоми на болеста Covid-19, но тамошната здравствена служба предупреди дека ширењето се појавила кај помладите лица.