Шпанија и Холандија испраќаат војници во Бугарија и Романија

Шпанија ќе испрати борбени авиони и војници во Бугарија, а Холандија ќе го зголеми својот контингент во Литванија, најавија во средата министерствата за одбрана во Софија и во Хаг во средата, за активностите кои се поврзани со кризата околу Украина.

Шпанија ќе испрати четири борбени воздухоплови и 130 војници во Бугарија, а Холандија ќе го зголеми бројот свои војници во Литванија на 350 од досегашните 270.

Првите шпански авиони од типот „Eurofighter“ би требало да слетаат во Бугарија кон крајот на следната седмица поради одбрана на бугарскиот воздушен простор во соработката со бугарското воено воздухопловство до крајот на март, соопштија од Софија.

„Мисијата се состои од имплементација на мерките со коишто би се осигурила безбедноста на државите членки на НАТО на источното крило“, соопшти бугарското министерство за одбрана.

Бугарија, којашто е членка на НАТО од 2004 година, има намера во блиска соработка со Алијансата, да формира воена група со до 1.000 војници под нејзина команда а која би вклучувала и војници од сојузничките земји.

Холандските војници во Литванија се дел од меѓународната ударна борбена група на НАТО под германска команда, која таму е распореден уште од 2017 година.

„Доследни сме во активностите зајакнување на предната присутност и ќе го зголемиме нашиот придонес во војници со 270 и 350 воен персонал“, изјави холандската министерка за надворешни работи Кајса Олонгрен во средата во обраќањето пред војниците во воената база Рукал во Литванија.

Се очекува и дека Холандија ќе испрати два свои авиона од типот „F-35“ во Бугарија, поради воздухопловно патролирање во април и во мај.