Шпанија и со втората постава доминатна против Албанија

Шпанската фудбалска репрезентација со стопроцентен учинок го потврди првото место во групата Б на ЕУРО откако во натпреварот од 3. коло во Дизелдорф ја совлада Албанија со минимални 1:0 (1:0). Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 13. минута.

Откако Шпанија по само две кола го обезбеди првото место во групата, селекторот Луис Де ла Фуенте очекувано се реши против Албанија да им даде шанса на играчите од вториот план, па само Лапорте остана во стартните 11 во однос на мечот со Италија од пред четири дена.

Но, без разлика на овие промени, Шпанија од самиот старт доминираше на теренот и многу брзо поведе. Откако Стракоша го одбрани ударот со глава на Мерино во 12. минута, Шпанија одигра одлична акција во 13. минута. Лапорте ја проигра топката од задната линија за Олмо, кој одличен го исфрли Торес, кој ѝ побегна на албанската одбрана и рутински ја испрати топката во мрежата.

Кон крајот на првото полувреме, Шпанија уште двапати се закани, искусниот Навас ја освои топката во самиот агол од теренот во 36. минута, го проигра Олмо во средината на шеснаесетникот но неговиот удар беше изблокиран. Пет минути подоцна со глава се закани и Торес, но овој обид не беше прецизно.

Албанија го имаше единствениот удар кон голот на Шпанија во 45. минута кога Аслани шутираше од 22 метри, но Раја беше наместо.

На самиот почеток од вториот дел се закани и Хоселу, кој со атрактивен потег се обиде да го пренасочи центаршутот на Грималдо, но не беше прецизен. Албанија заигра поофанзивно со влегувањето на Броја во 59. минута и токму тој упати опасен удар во 64. минута кој го принуди Раја да се испружи колку што е долга за да ја сочува својата мрежа. Последната шанса за израмнување ја имаше Броја во судиското надополнување, се избори за удар од околу 10 метри во мешаница, но Реја го фати неговиот обид.

Шпанија го освои првото место во групата со девет бодови, Италија заврши втора со четири бода по ремито 1:1 со Хрватска, додека Хрватска е трета со два бода, а Албанија заврши на последното место во групата со еден бод.