Група леви шпански партии, обединети во движењето Сумар, предводени од вицепремиерката Јоланда Диаз, побараа од шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез да ја признае Палестина како суверенa и независна држава, што е еден од нивните услови за формирање на левата колициска влада следниот месец.
„Сметаме дека дојде момент Шпанија да ја признае палестинската држава, еднострано, безусловно и итно, што би бил клучен придонес за решавање на судирот и за мир“, изјави Ернест Уртасун, портпарол на Сумар на прес-конференцијата во Мадрид, каде што гo покажа политичкиот документ подготвен од оваа политичка формација.
Уртасун истакна дека Шведска во 2014 и парламентот во Грција во 2015 година ја признаа Палестина како држава, и напомна дека тоа истото треба да го стори и Шпанија без да ја чека заедничката позиција на 27-те земји членки на Европската унија.
„Сакаме тоа да биде една од првите мерки што ќе ја усвои и идната коалициска влада. Тоа јасно ѝ го дадовме на знаење на PSOE“, рече Уртасун додавајќи дека тоа барање е вклучено во преговорите со Шпанската социајлистичка работничка партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез.
Движењто Сумар (Sumar), кое има 31 пратеник во парламентот со 350 маднати, е главниот коалициски партнер на PSOE. Санчез, по изборите одржани во јули и откако победничките конзервативци не усепеаја да обезбедат мнозинство во парламентот, ќе се обиде следниот месец да ја добие поддршката од мнозинството пратеници за да остане на власт следните четири години.
Судирот меѓу Палестинците и Израелците трае од формирањето на еврејската држава во 1948 година, а Обединетите нации од поодамнa предложија решение според кој би биле признаени двете соседни држави Палестина и Израел, со гrаниците од 1967 година. Израелската влада го одбива тоа решение и ги шири доселеничките населби на територијата којашто меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел, со што се оневозможува решението со две држави. Многу земји во ЕУ го поддржуваат решението со две држави, но во стварноста го признаваат само Израел.
Уртасун на прес-конференцијата истакна дека шпанскиот парламент во 2014 година ја изразил волјата за признавање на Палестина, па дека сега е потребна само одлука на владата признавањето од Шпанија да стапи на сила. Шпанија, инаку, до јануари претседава со Европската унија.
Во неделата неколку десетици илјади демонстранти излегоа на улицита на Мадрид против „окупацијата на Палестина“ и „лицемерието на ЕУ“, а на повик на Сумар и нејзината членка Заедно можеме (Unidas Podemos). Огорчени се од ставот на функционерите на ЕУ, кои ги обвинуваат за пристрасност во полза на Израел.
Порофесорката по политикологија Марта Ирене Лоис Гонзалес, парлаемнтарка од Сумар, изјави на прес-конференцијаа дека „Израел спроведува етничко чистење“ и ги „крши човековите права во Појасот Газа“.
Побара Израел да престане со бомбардирањето на палестинската енклава Појасот Газа и да ја прекине децениската блокада на оваа тесна и опколена територија со 2,4 милиони жители, а од палестинската милитантна групација Хамас побада да ги ослободи заложниците и да ги положи сметките за смртоносниот напад од 7-ми октомври во јужен Израел. Од ЕУ, пак, Лоис Гозналес побаеа да ја запре продажбата на оружје на Израел.