Фудбалската федерација на Шпанија би можела да одбие националната селекција да игра со репрезентацијата на Косово во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.
Шпанија не го признава Косово како независна држава и прават споредба со нивната покраина Каталонија која се бори за истите права. Но, на Шпанците им се заканува сериозна казна од УЕФА, доколку одбијат да настапат.
Од Групата Б ниту Грузија, ниту Грција не го признаваат Косово но тие се согласуваат да играат против тамошната селекција. Во оваа група уште ќе се натпреварува и Шведска.
Според жребот од понеделникот, Шпанија треба да биде домаќин на Косово на 31-ви март следната година, а возвратниот меч е закажан за септември.