Официјален Мадрид ја разгледува можноста да ги прогласи своите територии во Северна Африка, Сеута и Мелила, за зони на Шенгенскиот простор, изјави во вторникот шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја, додека 150 мигранти неуспешно се обидуваа да влезат во Мелила.
Мароканците од градовите кои ги опкружуваат овие енклави сега може да влезата без визи, но тие им се потребнио за патување преку море или воздух во континентална Шпанија или во другите земји на Шенгенската зона на Европската унија. Границите на Сеуте и Мелила се единствените копнени граници меѓу Африка и Европската унија.
Ова прашање се разгледува во моментот кога Шпанија и Мароко се спорат околу Западна Сахара, регионот кој е заземен од мароканската држава. Министерката Гонзалес Лаја не сакала да го коментира овој спор, велејќи дека неизнното министерство работи „во дискреција“.
Во меѓувреме, речиси 150 мигранти неуспешно во вторникот утрото се обидоа да влезат во Мелила од Мароко. Притоа полесно повредени се девет припадници на силите на редот, објавија локалните власти. Мигрантите главно се од субсахарска Африка, но меѓу нив имало луѓе и од земјите од Магреб.
Кон средината на мај Сеута, втората шпанска енклава на северот на Мароко, беше зафатена од незапаметен мигрантски бран од речиси 10.000 луѓе, меѓу кои и многу малолетници, бидејќи мароканските власти ги ублажија контролите.
Овој инцидент се случи во контекстоѕ на големата дипломатска криза меѓу двете земји, бидејќи Мароко е незадоволен од тоа што Шпанија на лекување прими лидер на Фронтот Полисарио, кој се бори за независност на Западна Сахара, а кој е огоречен марокански непријател.