Шпанија со пресврт против Данска во финалето на ракометното ЕУРО

Шпанските ракометари, актуелните двојни европски прваци, се квалификуваа во петокот во финалето на ЕУРО 2022 откако во Бидумпешата во полуфиналето ја совладаа Данска со 29:25 (13:14).

Така Шпанците во недела од 18 часот ќе се соочат со победникот од второт полифинале меѓу Франција и Шведска кое во тек. Ова е четврто последователно финале за избраниците на Жорди Рибера, кои Данците ги добија со пресвртот во второто полуврме.

Во првото полувреме Данска на моменти имаше и предност до четири голови, за на почетокот на вториот дел Шпанците да го преземат водството убедливо со 22:19, коешто не го испуштија до крајот.

На најголемите фаворити за титулата Данцита така им се одмазди одморањето на најдобрите играчи во последниот дуел со Франција во главната група, кога со поразот го загубија првото место во групата и во полуфиналето одеа на европските прваци Шпанците.

Шпанија ја предводеа Гомез со 11 и Кањелас со 7 погодоци, додека кај Данска најефикасни беа Хансен со 8 и Јакобсен до 4 голови.