Шпанија уапсила тројца по сајбер напади врз земји кои ја поддржуваат Украина

Шпанската полиција во саботата објави дека уапсила три лица обвинети за наводно учество во сајбер напади на проруска група насочени кон јавни институции и стратешки сектори во Шпанија и други земји на НАТО.

Нападите биле, како што се тврди, насочени кон земјите кои ја поддржуваа и сè уште ја поддржуваат Украина во борбата против руската инвазија. Двајца осомничени се уапсени во Хуелва и Севилја, во јужна Шпанија, а третиот на Балеарските острови, се наведува во соопштението на полицијата.

Биле уапсени за „извршување сајбер-криминал со терористичка намера“ по серија напади за уксратување на пристапот и услугите (DDoS), кои ги прават веб-локациите или мрежните ресурси недостапни со тоа што ги преплавуваат со злонамерен сообраќај.

Нападите бил „организирани од хакерската група поврзана со Русија – NoName057(16)“, се вели во објавата, но не се дадени дополнителни поединости за целите или последиците. „Нападите беа насочени против јавни институции и компании во стратешките сектори на земјите кои ја поддржуваат Украина“, се вели во соопштението.

Полицијата извести дека главната активност на групата се состои во организирање DDoS напади „со сопствен софтвер наречен DDoSia, кој може да го користат поединци кои ги поддржуваат нивните цели“. Во соопштението на полицијата се вели и дека мисијата на хакерската група била да одговори на „непријателските и отворено антируски акции на западните русофоби“.

Во средината на јуни, веб-страницата на швајцарската влада, која се откажа од неутралноста со која се гордееше, беше погодена од бран DDoS напади пред таканаречениот самитот, чија главна тема беше дискусијата за мирот во Украина. NoName057(16) ја презеде одговорноста за операцијата. Веб-страниците на федералната влада и веб-страниците на организациите вклучени во состанокот биле цел, тврдеше тогаш официјален Берн но и тогаш не беа понудени докази.