Репрезентацијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство во кошарка.
Црвената фурија за место меѓу четирите најдобри на Стариот континент обезбеди откако забележа победа од 100:90 во дуелот против Финска.
Финците одигра одлично прво полувреме во еден момент имаа предност од 15 поени, но составот предводен од Серџо Скариоло успеа да ја намали негативата и на одмор се замина со предност за Финска од 52:43.
Во продолжението од натпреварот Шпанија играше далеку подобро во одбраната, но и исклучително прецизно во нападот и како одминуваше времето не само што ја анулираа предноста на противникот туку и го преземаа водството.
Во самата завршница Финците преку Лаури Марканен стигнаа до негатива од два поени, но на сцена стапи ветеранот Руди Фернандез кој со неколку тројки и освоени топки во дефанзивата и ја донесе на Шпанија клучната предност за триумф од 100:00 и 11 последователен пласман во полуфиналето на Европските шампионати.
Најефикасен играч на натпреварот со 27 поени беше Вили Ернангомез, неговиот брат Хуанчо додаде 15 додека Лоренцо Браун забележа 28 поени и 11 асистенции.
Кај Финците, Марканен мечот го заврши со 28 поени и 11 скока, а Микаел Јантунен беше стрелец на 18 поени.
Шпанија во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Грција и Германија кој почнува во 20 часот и 30 минути.