Шпанија воведе итни мерки – ладење на 27 а греење на 19 степени

Шпанската влада се согласи да воведе „итни мерки“ за заштеда на енергијата поради енергетската криза којашто ѝ се заканува на Европа поради западните санкции против Русија поради војната во Украина.

Сите згради во јавниот сектор, шопинг центарот, киносалите, канцелариите, хотелите, железничките станици и аеродромите нема да се ја спуштаат температурата под 27 Целзиусови степени лето, додека температурата во зима нема да смее да биде повисока од 19 Целзиусови степени.

Оваа мерка е усвоена на седницата на владата во Мадрид, а ја објавила министерката за еколошка транзиција, Тереза Рибера.

Додала дека предвидените мерки мора да бидат воведени по еднонеделниот преоден период по објавувањето во службениот весник. Мерката ќе важи до 1-ви ноември 2023 година.

Рибера рекла и дека тоа е „почетниот пакет“ кој е неопходен во „критичната ситуација“.

„На Европа ѝ е потребна помошта од Шпанија. Време е за солидарност“, рекла министерката.

Мерките, исто така, вклучуваат прописи за продавниците и компаниите, вратите да ги држат затворени со помош на автоматски систем кој мора да биде инсталиран најдоцна до 30-ти септември. Целта на оваа мерка, според владата, е спречување на излегувањето на топлиот или студениот воздух од загреаниот односно разладениот простор.

Осветлувањето во неупотребуваните канцеларии, излози и на спомениците мора да се згасне по 22 часот, а во одредени згради ќе биде спроведена проверка на енергетската ефикасност.

Рибера го повикала приватниот сектор да го зголеми уделот на работењето од дома.

Шпанија ги презема овие и натамошни мерки, за коишто ќе се решава по летната пауза, за да се исполнат обврските преземени во планот на Европската унија за вонредни ситуации договорен минатата седмица.

Шпанија ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за 7 отсто. Шпанија и соседна Португалија речиси и не се изложени на проблемите со набавка на енергенси од Русија за разлика од другите членки на ЕУ. Мадрид првично се противеше на планот на Европската економија, но откако доби концесии и изземања, на крајот го одобри.