Шпанија забранува рекламирање нездрави производи на деца

Шпанија ќе го забрани огласувањето на нездрави прехранбени производи и пијалаци насочено кон децата, за да ја намали прекумерната дебелина кај младите, соопшти во четвртокот министерството за прашања на потрошувачите.

„Нашите деца се многу ранливи на рекламите и нашата должност е да ги заштитиме“, напиша на Twitter министерот Алберто Гарзон од владејачката лева коалиција.

Најави дека ќе биде забрането рекламирањето на пет категории производи на малолетниците, независно од составот. Тоа вклучува чоколада, слатки, енергетски плочки, колачи, слатки кекси, сокови, сладолер и енергетски пијалаци.

Ќе биде забрането и огласувањето на други прозиводи, доколку содржат премногу масти, шеќер и сол.

Здружението на потрошувачите објави дека во девет од десет реклами насочени кон децата се рекламираат нездрави прехранбени производи.

Потегот, кој уште треба да го потврди владата, ќе влијае на рекламите за децата помлади од 16 години на телевизијата и радиостаниците, во киносалите и на интернет, вклучително и на социјалните мрежи и на мобилните апликации.

Податоците на Шпанската агенција за нутриционизам и безбедност на храната покажуваат дека 40,6 отсто од децата меѓу шест и девет години имаат вишок килограми, а 17,3 отсто од нив се дебели. Според податоците на европската статистичка агенција од 2019 година, примерна тежина имаат 54 отсто од Шпанците.