Шпанска фудбалерка доби закани по животот поради Марадона

Двеасет и четиригодишната шпанска фудбалерка Паула Дапена добива закани по животот, поради тоа што одбила да учествува во минутата молчење во спомен на починатиот аргентински фудбалски ас Диего Армандо Марадона.

Фудбалерката на шпанскиот клуб Вијахес Интереијас, кој играше пријателски натпревар против Депортив Ла Коруња, додека сите фудбалерки, тренери и судиите стоеле мирно во тишина, седнала на тревникот и се свртила во обратен правец од сите други.

„Нема да стојам мирно за силувач, педофил и злоставувач, туку ќе седнам и ќе го свртам грбот“, ја пренесоа шпанските медиуми изјавата на Паула Дапена.

„За некој да биде сметан за голем играч, мора во прв ред да биде човек и да им доблести кои се поважни од вештините со топката, за кои е познато дека кај Марадона беа едноставно спектакуларни“, заклучува фудбалерката.

Дапена рекла дека за својот потег добила многу изрази на поддршка, но и примила смртни закани. Имало закани и за нејзините соиграчки, тврди. Но, истакнва дека никогаш не зажалила за тоа што го сторила, туку дека би го повторила.

„Моите феминистички идеал тоа не можат да го дозволат – почест за Марадона. За мене беше неверојатен играч, но како личност бепе делаку од личност којашто требаше да се обожува“, рече Дапена во радиоемсиијата на А Diario.

Марадона беше критикуван за семејно насилство откако во 2014 година беше објавено видео од кавга со неговата тогашна девојка и остана нејасно дали ја удира. Тогаш ги негираше обвинувањата велејќи: „Го зграпчив телефонот, но се колнам пред Бога дека никогаш не сум удрил жена“.

Марадона, кој од многумина е сметан за најдобриот фудбалер на сите времиња, пред завосноста од дрогите и алкохолот да му на нарушат кариерата, почина во средата, на истиот ден кога во светот се одбележуваше Меѓународниот ден на борбата против насилството над жените.