Шпанската десница го нападна Бајден поради критиките за Колумбо и колонијализмот

Шпанските политичари од десниот спектар ја критикуваа во вторникот неодамнешното извинување на американскиот претседател Џо Бајден поради злосторствата од европските доселеници над американските староседелци, порачувајќи дека Шпанија во Новиоте свед донела цивилзација и напредок, како дека бе треба да се извинува.

Челникот на конзервативната Народна партија (PP), Пабло Касадо, ја опиша по повод 11-ти октомври кога се одбележува откривањето на Кристофер Колумбо на Америка во 1492 годин, шпаснакта колонизација на Америка, како „најважниот настан во историјата по Римското Царство“.

„Дали треба Кралството Шпанија да се извини, бидејќи пред пет века го открило Новиот свет, ги почитувала оние кои таму бил, создала универзитети и просперитет и изградила нови градови? Јас мислам дека не треба“, изјави Касадо во видео=пораката објавена на Twitter.

На ткн Денот на Колумбо, кој е државен празник во САД, претседателот Џо Бајден изјави дека доаѓањето на истражувачите довел до „бран на разорувања“ за Индијанците и ги повика Американците да „не ја заборават оваа срамна епизода од нашето минато“. Притоа со прокламација ги прогласи 11-ти октомври за Ден на американските староседелци.

Според вкоренетото тврдење, големите сипаници и другите болести кои дошле со Европејците покосиле голем број од американските староседелци, што го олеснило освојугвањето на континентите. Супериорното оружје, исто така, им овозможило на малубројните колонизатори од Европа да ги поразат домародците.

И лидерот на крајно десната шпанска партија Vox, Снтијаго Абаскал, зборуваше за „бедниот“ американски претседател Џо Бајден. „Токму го нападна големото ремек-дело на шпанското освојување – евангелизацијата“, рече Абаскал. Тој смета дека Шпанците можат да бидат горди на своите предци, а тогашната Шпанска империја за него е „царство на човековите права“,

Партијата Vox, која е третата најголема партија во шпанскиот парлмент, често потсетува на историската моќ на Шпанија, при што нејзините претставници често напоменуваат и за шпанската победа над Маврите на европскиот континент кон крајот на средниот век.