Шпанската фудбалска Ла Лига забележа рекорден вкупен приход од 5,69 милијарди евра за сезоната 2022/2023, бидејќи приходите се зголемија за 17,8 отсто во споредба со претходната кампања и ги надминаа 5,07 милијарди остварени во сезоната 2019.2020, објави Ла Лига во понеделникот.
Растот беше поттикнат од рекордните комерцијални приходи (за 28,6 проценти), како и од растот на приходите од натпреварите (36,9 проценти) благодарение на рекордната посетеност на стадионите, при што клубовите се опоравуваат од влијанието на пандемијата на ковид-19 втора последователна сезона.
Ла Лига ја проби границата од 15 милиони гледачи првпат во историјата на шпанскиот фудбал, со просечна искористеност на стадионските капацитети од 72 проценти во сезоната 2022/2023.
Финансиските резултати, исто така, вклучуваат вонредни корпоративни операции извршени за време на кампањата, ограничувањата за ковид-19 ги погодија продажбата на влезници и трансакциите на играчите во сезоната 2020/2021, што доведе до првиот пад на приходите на шпанската лига од 2012 година.
Приходите од трансфери малку се зголемија на 679 милиони евра од 402 милиони евра пред една година, но сепак се далеку под 1,12 милијарди евра во 2019/2020 година.
Во инфраструктурата беа инвестирани и рекордни 848 милиони евра, а тука беше вклучена и инвестицијата на Реал Мадрид во реновирањето на нивниот култен стадион „Сантијаго Бернабеу“ и неговата околина.