По големата уплата во божикната лотарија, лотаријата „Детето Исус“ во Шпанија чии добитници беа извлечени на Богојавление, според грегоријанскиот календар, ќе исплати вкупно 770 милиони евра.
Извлекувањето на среќните броеви во живо го следеа милиони Шпанци во своите домови, дома и во кафулињата, пабовите и рестораните, како и секоја година на празникот на тројцата кралеви.
Богојавление (Водици) е вровот на божикните празници во Шпанија, кога децата конечно утрото ги добиваат своите подароци.
Во придружната тематска лотарија, главната награда од 2 милиона евра се исплаќа 55 пати бидејќи се извлекуваат и продаваат 55 од 100.000 бреоеви отпечатени на добитните тикети.
Целиот тикет, исто така, е поделен на десетоцифени лозови.
Лотаријата „Дететот Исус“ се приредува од 1941 година и е надмината само со Божикната лотарија.
На 22-ти декември ширум Шпанија на Божикната лотарија беа освоени добивки во вкупен износ од речиси 2,6 милијарди евра.
Изворната Божикна лотарија, позната и како „El Gordo“, постои повеќе од 200 години и е не само најголемата, туку и најстарата лотарија во светот.