Шпанската полиција се судира со младите кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки

Во Шпанија последните денови се зачестни ноќните пресметки меѓу младите кои се собираат на градските плоштади, како што наведуваат властите со алкохол, и полицијата којашто настојува да ги отстрани поради опасноста од ширењето на коронавирусот.

Седум полицијци се повредени и пет млади лица се уапсени минатиот викенд во местото Алкала де Енерес крај Мадрид. Во Барселона млади луѓе фрлале камења и повредиле шест полицајци, а се разбегале дуру по акцијата на интервентната полиција кој го растурила нападот со пендраци и штитови.

„Никогаш претходно не сведочевме на вакво насилство, а во зданината да не се политички причини“, изјави Роберто Сеихи, секретар на синдикатот на полицијата во покраината Баскија. Во тамошниот град Сан Себастијан приведени се 14, а во соседната покраина Кантабрија 18 лица.

Откако во Шпанија во мај беше укинат полицискиот час, илјадници млади навечер се собираат на градските плоштади, во парковите или покрај фонтаните без заштитини маски што претставува можност за ново разгорување на коронавирусната епидемија од чии последици во земјата починале повеќе од 84.000 луѓе.

Меѓутоа, младите досега не покажуваат толку агресивност кон полицијата која настојува да ги спречи масовните собирања.Стручњаците од областа на менталното здравје велат дека комплексни се причините за таквото однесување.

„Многумина млади веќе долго време се очајни, фрустрирани поради рестриктивните мерки, но и поради банализирањето на насилното однесување. Кога ќе почувствуваат дека насилното однесување не се сузбива, продолжуваат со него“, изјави психологот Хозе Антонио Луенго за шпанската јавна телевизија TVE.

Секоја од 17-те автономни покраини воведува сопствени епидемиолошки мерки. Медитеранската Каталонија одлучи во вторникот дека нема да ги отвора ноќните клубови сѐ додека не се стабилизира ситуацијата во болниците.

Во Шпанија, којашто има 47-милионско населени, целосно со две дози се вакцинирани 69,1 отсто а од неодмана на ред за имунизација против коронавирусот на ред дојдоа и младите.