Полицијата во Шпанија разби мрежа за илегална трговија со луѓе, која носела жени од Бугарија во земјата, кои биле принудувани на проституција.
Меѓу уапсените во акцијата се единаесет Бугари и еден Шпанец, а меѓу уапсените се и шефовите на мрежата.
– Групата врбувала жени во Бугарија ветувајќи им работа во Шпанија, а потоа ги принудувала на проституција. Жените исто така ги терале клиентите да употребуваат алкохол и наркотици, а потоа ги ограбувале. Во некои случаи биле украдени и по 15.000 евра од кредитни картички, се посочува во соопштението на полицијата.
Во заедничката акција на шпанската, бугарската и германската полиција ослободени се пет Бугарки, а конфискувани се 9.305 евра, 540 британски фунти, неколку комјутери, два автомобила, голем број документи и многу наркотици.