Окружен суд во Шпанија ја забрани платформата за размена на пораки Telegram по жалбите на медиумските компании дека им дозволува на корисниците да ја прикачуваат нивната содржина без дозвола, пренесуваат британските медиуми.
Судот се согласил да ја блокира употребата на Telegram во Шпанија почнувајќи од понеделник, с\ додека трае истрагата за ваквите наводи.
„Давателите на мобилни услуги ќе бидат одговорни за блокирање на услугите на Telegram“, изјавил судски извор.
Од компанијата соптственик на платформата сѐ уште не реагираа со коментар на пресудата на шпанскиот суд.
Telegram четврти најкористен сервис за испраќање пораки во Шпанија, која ја користат речиси 19 отсто од населението. Станува збор за срвис за испраќање и размена на инстант пораки, развиен од компанијата „Telegram Messaging LLP“ со седиште во Лондон и оперативни центри во Дубаи.
Компанијата е основана од рускиот претприемач Павел Дуров, претходно познат како основач на популарната руска социјална мрежа ВКонтакте. Компанијата наведува дека во 2023 година имала повеќе од 700 милиони активни корисници ширум светот.