![spanija stedenje struja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/spanija-stedenje-struja.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Шпанскиот парламент го поддржа во четвртокот планот на владата во Мадрид за штедење гас со кој се предвидува намалување на потрошувачката на гас според препораките на Европската унија, со цел земјата да избегне недостиг наредната зима.
Иако Шпанија не е изложена на такви притисоци како другите европски земји кои се снабдуваат со рускиот гас, според ограничувањата во летните денови се препорачува приватните компании и владините агенции да не ги разладиваат своите простории под 27 степени, а зиме да ги згреат максимално до 19 Целзиусови степени.
Исто така, осветлувањето на излозите и во празни објекти треба да се исклучува по 22 часот. Таквите мерки ќе ѝ овозможат на Шпанија да ја намали потрошувачката на гас за 7 отсто.