Шпанскиот парламент го усвои законот за амнестија на каталонските сепаратисти

Шпанскиот парламент со 177 гласа „за“ и 172 „против“ во четвртокот усвои го закон за амнестија со кој ќе се запре гонењето на политичарите и јавните личности кои го организираа во октомври 2017 година забранетиот референдум за независност на Каталонија.

Шпанската левичарска влада предводена од премиерот Педро Санчез на пред шест месеци објави закон кој може да опфати околу 370 Каталонци, но тој беше правно оспорен и во парламентот од десницата, поради што дури сега дојде на конечното гласање.

Санчез претходно изјави дека законот ќе доведе до помирување и соживот во автономната покраина со 7,5 милиони жители. Десничарските партии во неделата организираа протест во Мадрид, каде според нивната проценка се собраа 80.000 демонстранти, а според владата на Санчез 20.000. Десничарската Народна партија (PP) и десничарската „Глас“ (Vox) го обвинија Санчез за „предавство“.

„Денеска е историски ден. Добиена е битка во вековниот конфликт меѓу каталонската и шпанската нација“, рече застапничката за независност на Каталонија, Миријам Ногуерас, во текот на парламентарната дебата.

Партиите кои се залагаат за независност на Каталонија, еден од најбогатите делови на Шпанија, претрпеа неуспех на регионалните избори одржани пред две седмици. Таму социјалистите од PSEO на Санчез добија најмногу гласови, но не доволно за самите да формираат влада. Во моментов се водат преговори за формирање влада.

Во изминатите 14 години, Каталонија имаше влада која се залагаше за отцепување од Шпанија. Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија, прогласи независна Република Каталонија во октомври 2017 година. Сепак, оваа декларација не беше спроведена.

Малцинската влада на Санчез во Шпанија зависи во парламентот од поддршката на партиите кои се за независност, вклучително и партијата „Заедно за Каталонија (JxCAT) на која припаѓаат Пуџдемон и Ногуерас.