Шпанскиот премиер казнет со 500 евра за користење на владината зграда во кампањата

Pedro Sanchez (Photo by OSCAR DEL POZO / AFP)

Шпанскиот премиер Педро Санчез мора да плати казна од 500 евра, бидејќи во предизборната кампања дал интервју за една приватна телевизија во зградата на владата, додека ја извршувал функцијата технички премиер во очекување на изборите.

Со користењето на јавен простор Санчез го прекршил законот за непристраснот во предизборната кампања, песуди во четвроткот Централното изборно собрание (JEC), тело задолжено за спроведување на изборите. Со тоа првпат овој орган казнил премиер на Шпанија. Казните за ваквите прекршоци се движат од 300 до 3.000 евра.

Санчез, челник на Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), на власт е до јуни 2018 година и беше кандидат за премиер на предвремените избори на 10-ти ноември. Пет дена пред изборите дал интервју за шпанската телевизија La Sexta, кое е снимено во просторија на владина зграда, а пота е објавено и на странцата на тогашната влада. Изборното тело заклучило дека го искористил јавниот простор, зградата и интернет страницата во свои изборни цели, со што ја прекршил законски пропишатана непристрасност.

Казнета е и тогашната министерка за образование и портпаролка на неговата влада Изабел Селаа, бидејќи прес-конференциите ги одржувала во владината зграда во текот на предизборната кампања од кои испраќала предизборни пораки. Таа мора да плати казна во износ од 2.000 долари.

Санчез на изборите доби најмногу гласови, но недоволно самостојно да формира влада, по што постигна договор за коалициска влада со помалата лева партија Unidas Podemos. Оваа влада е првата коалициска влада во Шпанија, по воведувањето на демократијата во 1980-те години.