Шпанската влада планира помилување на деветтемина политички лидери осудени за организирање на недозволениот референдум за осамостојување на покраината Каталонија во октомври 2017 година, објави во понеделникот премиерот Педро Санчез.
Каталонските функционери беа осудена на затворски казни во траење од 9 до 13 години,
Помилувањето коешто владата допрва да го потврди на редовната седмична седница, социјалистичкиот премиер Санчез сака да го ублажи тензиите во североисточната покраина и со тоа да ги започне преговорите меѓу Мадрид и каталонските власти.
„Конфронтацијата не реши ниеден проблем“, изјави Санчез во својот говор во славната Опера во Барселона, на настан на кој учествуваа и триста претставници на каталонските невладини организации и здруженија.
„За постигнување на договор некој мора да го преземе првиот чекор“, порача Санчез и додаде дека тоа ќе го стори шпанската влада.
Анкетите од претходниот период покажуваа дека околу 60 отсто од Шпаците, меѓу нив и релисите сите поддржувачи на опозициските партии, се противат на ослободувањето на деветте политичари и активисти кои се притворени во 2019 година, поради организирањето на референдумот во Каталонија на кој шпанската полиција доведена од другите краеви на земјата беше брутална и ја предизвика најголемата политичка криза во Шпанија по повеќе децении.
Сецеонистичкото движење во овој богат североисточен регион во 2017 година ја почна најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении. Каталонија тогаш унилатерално прогласи независност по референдумот, што судот го прогласи за илегален.
Во нацртите на преговорите што следат владата на Санчез се согласи да го разгледа каталонското барање за поголема фискална автономија, вети зголемени инвестиции во каталонската инфраструктура и дека ќе ги проучи начините за измена на регионалниот систем за јавно финансирање.