Црно-белите водат со 2-0 и победа ќе ги однесе на Ф4-турнирот во Каунас. Навивачите веќе најавија дел од идеите кои ги подготвуваат за пречекот на Реал, а јасн оим е и на шпанските медиуми дека „кралскиот клуб“ ќе игра во застрашувачка атмосфера во „Штарк арена“.
Затоа трите највлијателни спортски весници утрово на својата насловна страница одвоија помал или поголем простор, но кај сите три стоеше еден ист збор: пекол!
За „Марка“ ова е главен спортски настан на денот, па на цела насловна страница пишува: „Пеколот од Белград. 20.000 навивачи го очекуваат Реал“.
https://twitter.com/marca/status/1653152100405190661?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1653152100405190661%7Ctwgr%5E760daaaf486f1ae2bfdfdd945463386a1fe9f12f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fevroliga%2Fshpanskite-mediumi-ednoglasni-real-go-cheka-patuvanje-vo-pekolot-foto
„АС“ одвоил една лента на горната страна од насловницата и вели дека Реал го очекува „Патување во пеколот. Реал се обидува да го направи досега невиденото, да се врати од 0-2 и тоа во експлозивниот дом на Партизан“.
https://twitter.com/diarioas/status/1653158592806023168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1653158592806023168%7Ctwgr%5E760daaaf486f1ae2bfdfdd945463386a1fe9f12f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fevroliga%2Fshpanskite-mediumi-ednoglasni-real-go-cheka-patuvanje-vo-pekolot-foto
Најскромен е „Мундо депортиво“, весникот наклонет кон Барселона, кој во еден агол од насловната страница има „’Лос бланкос’ ќе играат во пеколот во Белград“.
https://twitter.com/mundodeportivo/status/1653156278003200000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1653156278003200000%7Ctwgr%5E760daaaf486f1ae2bfdfdd945463386a1fe9f12f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fevroliga%2Fshpanskite-mediumi-ednoglasni-real-go-cheka-patuvanje-vo-pekolot-foto