Жерар Пике и Шакира во заедничка изјава во саботата објавија дека се разделуваат по 12 години заеднички живот, а шпанските медиуми сега откриваат дека тие биле во „отворена врска“.
Се тврди и дека одлуката за објавување на заедничката изјава била всушност на Шакира и дека овој потег го изненадил фудбалерот на барселона. Такла тврди шпанскиот новинар Хозе Антонио Авиљес, пренесува „Марка“.
„Некој што му е многу, многу близок на Пике, ме увери дека немало неверство од негова страна. Пике многу бил изненаден поради прекинот и изјавата што ја испратила Шакира“ – наведува Авиљас.
View this post on Instagram
Новинарот исто така тврди дека пејачката и фудбалерот во последните неколку години биле во „отворена врска“.
„Нивниот договор бил „ти прави што сакаш, а јас ќе правам што сакам“, но во јавноста да се претстават како двојка“ – додава Авиљес повторно повикувајќи се на извор близок на Пике.
За славната двојка деновиве кружат различни гласини во кои се тврди дека Пике ја изневерувал Шакира. Тоа е спротивно на новите информации што ги пласира шпанскиот новинар. Во меѓувреме се појавија и информации според кои Пике веќе неколку месеци живее далеку од семејството, во сопствен стан.