Цените на нафтата паднаа до 86 долари на меѓународните пазари во понеделникот поради бранот продажба предизвикан од шпекулациите дека премиите за геополитички ризик ќе бидат намаленени благодарение на новата рунда преговори за прекин на огнот во окупираниот палестински Појас Газа.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 42 центи пониска во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица и изнесуваше 86,12 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 52 центи пониска цена, по 82,64 долари.
Орга низацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека минатиот петок барелорт од референтната нафтена кошничка на нејзините членки поскапел за 64 центи, на 88,15 долари.
По продолжениот празничен викенд во САД, трговците се фокусираа на нова рунда разговори за прекин на огнот во Појасот Газа. САД објавија нов план за ставање крај на војната и почнаа преговорите со посредство на Катар и Египет, потсетува Reuters.
Ако разговорите за прекин на огнот произведат нешто конкретно, премијата за геополитички ризик што моментално се пече во цените на нафтата ќе се намали, објаснува Тони Сајкамор од IG.
„Послабиот долар не влијаеше на цената на нафтата, која беше под благ продажен притисок поради широко распространетите очекувања за прекин на огнот на Блискиот iсток“, смета Харалампос Писурос од XM.
Минатата седмица цените беа поддржани од приближувањето на ураганот Берил до Мексиканскиот залив. Пристаништата во Тексас, вклучувајќи ги Корпус Кристи, Хјустон, Галвстон, Фрипорт и Тексас Сити, беа затворени во неделата, а во понеделникот Берил падна на копно во Матагорда. Тексас е најголемиот производител на нафта и природен гас во САД.
Затворањето на пристаништето може привремено да го запре извозот на сурова нафта и течен природен гас, испораките на нафта до рафинериите и испораката на моторни горива.
„Бурата се закани на одредено морско производство на нафта и гас и сега се стравува дека може да влијае на копнената рафинериска инфраструктура“, пишуваат во белешката аналитичарите на ING.
Стравувањата од прекини на рафинеријата следеа по знаците за добар почеток на летната сезона на патувања во САД. Залихите на сурова нафта паднаа во претходната недела за 12,2 милиони барели, а залихите на бензин за 2,2 милиони барели, покажаа податоците на Министерството за енергетика, објавени минатата среда.
Новите податоци би можеле да покажат продолжување на трендот, забележуваат аналитичарите на IG.