Американските разузнавачки агенции во текот на активностите да ги заштитат научните институции во САД, веројатно собираат податоци за истражувањата и развојот на препарати во борбата против новиот коронавирус кои се спроведуваат во Русија, Кина и Иран, објави во саботата во своето електронско издание дневниот весник The New York Times (NYT), повикувајќи се на свои извори.
Во написот се истакнува дека во последните месеци американските разузнавачки служби преземаат активно мерки за заштита на компјутерските системи на националните истражувачки центри и компании. Се стравува дека странски држави наводно може да се обидат да украдат американски податоци кои се однесуваат на создавањето вакцина против коронавирусот.
„Американските официјални лица инсистираат на тоа дека актовностите на разузнавачките агенции се од одбранбен карактер и дека службите не добиле наредби за крадење научни податоци кои се однесуваат на коронавирусот“, се констатира во написот.
„Сепак, други активни и поранешни разузнавачи истакнуваат дека реалноста е далеку од тоа да е толку едноставна. Истовремено додека американските разузнавачки агенции се обидуваатда откријат што би можеле да украдат Русија, Кина и Иран, тие може да дојдат и до податоци за истражувањат во овие земји и да ги преземат“, се додава во текстот на NYT.
„Ривалството потсетува на трката во вселената (од времето на Студената војна – з.р.) кога Советскиот сојуз и Америка се потпираа на своите разузнавачки служби за да дојдат до податоците за кои се чинело дека спротивната страна има предност“, се наведува во написот.
Во текстот, исто така, се наведуваат тврдењата на соговорниците дека руските, кинеските и иранските разузнавачки служби се обидуваат да дојдат до податоци и да ги украдат соодветните истражувања во САД.
„Според западните официјални лица запознаени со разузнавачките активности, разузнавачките служби на НАТО, кои вообичаено се фокусураат на движењето на руските тенкови и терористичкиет ќелии, ги проширија своите активности за цел да ги проучат обидите на Кремљ да украде истражувања поврзани со вакцината“, се истакнува во написот на NYT.
Весникот, исто така, тврди дека Кина го користи влијанието врз Светската здравствена организација (СЗО – WHO), за да дојде до информации за развој на вакцината против коронавирусот. Поради тоа, американското разузнавање порано наводно ѝ препорачало на Белата куќа да се преземат мерки против СЗО. Американскиот претседател Доналд Трамп на 29-ти мај ја извести оваа организација на ОН дека Вашингтон има намера целосно да ги прекине односите, а според процедурата повлекувањето ќе трае една година.
Претходно во јули годинава, британскиот национален центар за кибернетичка безбедност објави верзија според која хакери кои работат за руските разузнавачки служби се обиделе да украдат информации за развој на вакцина против коронавирусот во Велика Британија, Канада и САД. Москва тогаш преку портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, само оцени дека објавите од Лондон се сосема неосновани.