Словачка реши во понеделникот да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава врз основа на процени и податоци на разузнавачката служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти словачкото министерство за надворешни работи, пренесе поратлот Teraz.
„Министерството за надворешни работи на Словачка… истовремено силно ја повикува амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги вршат своите активности во согласност со Виенската конвецина за дипломатски односи“, се наведува во официјалното соопштение од Братислава.
Дипломатската формулација за кршење на Виенската конвенција, којашто се наведува во соопштение, често се користи за сигнализирање на наводни шпионски активности.
Руското министерство за надворешни работи веднаш рагираше со кусо соопштение во кое се наведува дека „мерката којашто е без основи нема да остане без соодветен одговор“.
Според податоците на поратолот Dennik N, уапсени се и три лица кои се сомничат за шпионажа во полза на Русија. Станува збор за висок функционер по чин полковник при министерството за одбрана, припадник на Словачката информативна служба (SIS) за разузнавање и контраразузнавање, како и лице поврзано со онлајн изданието Hlavné správy, кое било затворено со указ словачката влада кон крајот на февраури поради „проруска ориентација“ и „ширење дезинформации“.
Портпролот на словачката полиција одбил да го коментира случајот, истакнувајќи дека претставници на полицијата за тоа ќе одржат прес-конференција во вторник.
Портпаролот на министерството за одбрана Јарослав Над напиша на социјалните мрежи дека „ова е само почеток“. „Верувам дека структурата добро се отвори. Ќе продолжиме со тоа, јасно и темелно“, порачуваат од министерството.