Шри Ланка се очекува полициска истрага поради првата жртва на протестите

Шриланскиот премиер Махинда Раџапакса изјави во средата дека очекува полициска истрага меѓу полицијата и противладините демонстранти во којашто падна првата жртва во седмиците граѓански безредија.

Полицијата во вторникот истрелале боева муниција додека растерувале демонстранти во Рамбукана, град околу три часа патување од североисточно од коменрцијалниот центар Коломбо, при шти едно лице е убиено а уште десетина други се ранети.

Протестите со седмици беснеат на овој јужноазиски остров со 22 милионско население, а демонстрантите изразуваат огорченост поради лошото упавување со економијата на земјата што предизвика недостиг од основните продукти и долготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

„Длабоко сум вознемирен по трагедијата во Рамбукана. Убеден сум дека ќе биде спроведена строга непристрасна истрага“, напиша во твит Раџапакса.

Агенцијата Reuters јавува дека ситуацијата во Рамбукана во средата била мирна, со минимална присутност на полицијата на улуците. Четиричлената полициска форензичка екипа, во вторникот го претражувала областа околу железничкиот премин на кој избубнал судирот. Камења, чаури од боева муниција и патрони од солзавец сѐ уште се расфрлани по целата област.

Судирот со првата жртва доаѓа во периодот кога шриланските функционери се среќаваат со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) поради потенцијалната програма за итен заем, чијашто цел е да се спречи недостиг од горива и другите основни продукти.

ММФ во средата објави дека дискусиите во раната фаза и дека секој договор би барал „соодветни гаранции“ дека Шри Ланка може да ја надмине неодрлживоста на својата должничка ситуација.