Шри Ланка воведе полициски час, активистите бараат укинување на вонредната состојба

Владата на Шри Ланка воведе полициски час во саботата, иако правниците и активистите за човекови права го повикаа претседателот Готабаи Раџапакса да ја укине вонредната состојба за да се обезбеди почитување на слободата на говорот и мирното собирање на протести во економската криза којашто ја потресува земјата.

„Според овластувањата на претседателот, полицискиот час е воведен во целата земја од 18 часот во саботата до 6 часот наутро во понеделник“, соопшти владината служба за информирање.

Раџапакса во петокот повика на построги закони за да се справи со растечките немири во досега незабележаната криза во земјата. Во минатото вонредната состојба ѝ овозможуваше на војската да апси и притвора осомниечни без налог.

Актуелните ограничувања не се сосема јасни, изјави адвокатот за човекови права Бхавани Фонсека, виш истражувач во непрофитната организација за човекови права „Colombo Center for Policy Alternatives“. Додаде дека доправа траба да бидат донесени прописите со коишто ќе се дефинираат овластувањата на претседателот во кризни ситуација.

Во саботата отворени се продавниците, сообраќајот се одвива нормално, но полициски сили имало на некои бензински станици, пренесува Reuters.

Островаската држава во Индинскиот Океан со 22 милиони жители, се соочува со постојани прекини во снабдувањето со електрична енергија до 13 часа дневно, додека владата настојува да обезбеди девизи за плаќање на увозот на горивата.

Претседателот Раџапакса изјави дека вонредната состојба е неопходна за заштита на јавниот ред и одржување на основните резерви и услуги. Се стравува дека владата поради оваа уредба би можела да прибегне кон насилно задушување на протестите.

„Не се сфаќа тежнеењето на луѓето и изостана соочувствувањето со патењето на луѓето во земјата“, наведуваат во својата жалба адвокатите членови на Адвокатската комора на Шри Ланка.

Американската амбасадорка во Шри Ланка, Џули Чанг изјави дека граѓаните „имаат право мирно да протестираат, што е неопходно за демократското изразување“.

Гневни поради недостигот од горива и другите основни продукти, стотици демонстранти се судрија во четвртокот со полицијата и војската пред претседателската резиденција. Повикуваа на соборување на Раџапакса од власта и запалија неколку полициски и воени возила. Полицијата уапси 53 лица и воведе полициски час во главниот град Коломбо и околината во петокот за да ги контролира другите спорадични протести.

За актуелната криза, која е резултат на лошото управување на низа последователни влади, придонесе и пандемијата на коронавирусот коај влијаеше на туристичкиот сектор и на платниот промет. Тоа доведе до пресврт во политичката поддршка за Раџапакса кој на власт дојде во 2019 година ветувајќи стабилност.

Владата објави дека побарала помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF), како и нови заеми од Индија и Кина. Индиските трговци започнале со товареето на 40.000 тони ориз во првата голема помош во храна за државата откако Коломбо обезбедни кредитна линија од Њу Делхи.