Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер заедно со претседателот на Македонија Стево Пендаровски, како домаќин, претпладнево беа на прошетка низ Старата скопска чаршија, што секако претставува место што треба да се види и кое е туристичка атракција на Скопје. Според фотографиите, претседателот на Германија е изненаден од колоритот на Чаршијата, гостопримливоста, изборот на стоки и услуги, како и занаети, секако и од изборот на шеќерни нешта во слаткарниците. По дводневната посета на Македонија Штајнмаер заминува во Албанија.
Валтер Штајнмајер во Чифте аман се сретна со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја“.
Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование.
Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западен Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.
Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Северна Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области.
За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор, рече Штајнмајер и изрази уверување дека земјата може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, но дека мора да продолжи со рефорската агенда.
Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Северна Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.