Штајнмајер и се закани на Русија со нови санкции

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер кој овој викенд престојуваше во Украина, и се закани на Москва со нови санкции и предупреди на опасност од ширење на кримската криза и отворање на Пандорината кутија.

„Загрижен сум дека со обидот спротивен на меѓународното право, 25 години по крајот на Студената војна дека ќе се корегираат меѓународно признатите граници во Европа и дека ќе се отвори Пандорината кутија,“ изјави Штајнмајер.

Тој нагласи дека ситуацијата во Источна Украина е се друго, освен стабилна и се закани на Русија со нови санкции, ако Москва по спојувањето со Крим ќе продолжи со истото дејствување.

„Ние тогаш во Европа ќе донесеме нови мерки, дури и ако во тој случај треба да ја земеме предвид и економската штета,“ изјави Штајнмајер и оцени дека набљудувачката мисија на ОБСЕ е прв чекор кон спречување на ескалација.