Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер оцени денеска во Киев дека реферндумот за соединување на Крим кон Русија е „обид за поделба на Европа“.
Тој денеска допатува во еднодневна посета на Киев и изјави дека „реферндумот и одлуката на горниот дом на рускиот Парламент за припојување на Крим кон Русија, претставува кршење на меѓународното право и обид за поделба на Европа.“
Германскиот министер денеска разговарање со украинскиот премиер Арсениј Јацењук за евентуалната техничка помош на Германија за украинската војска.
Штајмајер попладне треба да го посети Доњецк каде што ќе разговара со тамошните власти.