Штанд за проектот „Македонија вработува“ во општина Карпош

Со цел подетално запознавање за можностите за вработување во рамките на Проектот „Македонија вработува“, денес пред ТЦ Сити Молл во општина Карпош ќе бидат поставени штандови.

Во периодот од 19 до 21 часот, тимови на Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе на заинтересираните граѓани ќе им ги обезбедат сите информации за учество во Проектот.