Штекли се пофали со раните од куршуми-„Бог ги сака храбрите“

Контроверзниот Раде Штекли, кој пред неполн месец беше ранет од огнено оружје во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје, на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат раните кој ги добил од куршумите.

„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“, напиша Штекли под фотографијата.

Ова беше втор обид за елиминација на Трајковски, а МВР сè уште нема осомничени ниту уапсени за овие случаи.

Според последните неофицијални информации, кои беа објавени, истрагата за напаѓачите на Штекли води кон нивна повразаност со луѓе кои отслужуваат затворскаи казни во Идризово.

Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.