Штетата од поплавите во БиХ е 1,5 милијарди евра, покажаа проценките/
Извор кој побарал анонимност изјавил за весникот дека таа оценка е значително повисока од првичните прогнози за 1,3 милијарди евра.
Извештајот за штетите ќе биде основа за голема донаторска конференција во Брисел во првата половина на јули. Се очекува на таа донаторска конференција да се обезбедат околу една милијарда евра помош за БиХ.
Главниот дел ќе бидат најверојатно поволни кредити, а дел неповратна помош. Останатите средства БиХ треба сама да ги обезбеди.