
Вкупната штета од поплавите во Чачак и околните села изнесува околу 1,7 милијарди динари, изјави денеска претседателот на Градската комисија за процена на штети, Владимир Ѓуровиќ.
Оштетени се 534 станбени и помошни објекти чија штета изнесува околу 120,6 милиони динари, стопанството претрпело штета од 45,2 милиони за објектите, и 575,5 милиони динари за опремата.
Штетата за локалните патишта и мостови изнесува околу 90,5 милиони динари.
Околу 1.043 домаќинства претрпеле штета на површина од околу 1.720 хектари ш то изнесува 880,7 милиони динари.
Инспекциските служби подигнале 1.334 погинати животни чија вкупна тежина е пет тона, а вредноста околу 2,1 милион динари.