
Во неделата утрото околу 7 часа во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево ги лишиле од слобода 26-годишниот С.Н. од Штип и 33-годишниот И.М. од Битола, со привремен престој во Кичево.
Двајцата се сомничат дека физички го нападнале 74-годишниот М.З. од Кичево во неговиот дом, по што му одзеле пари и други предмети.
Имено, тие претходно се запознале со М.З. пред казино и откако му побарале преноќиште, заедно отишле во неговиот дом каде го извршиле делото.
Осомничените се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.